Спорт
Драган Бајиќ нов селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија

Српскиот стручњак Драган Бајиќ од денеска влегува во друштво на големиот број звучни тренерски имиња кои историјата го воделе нашиот сениорски национален тим. Станува збор за добро познат стратег, актуелен тренер на кошаркарскиот колектив Игокеа. Бајиќ ја презема селекторската палка од Александар Тодоров.
Драган Бајиќ е 15. селектор во историјата на македонската репрезентација, а петти странец на нејзиното кормило.
Пред него, националниот тим го водеа: Александар Књазев, Стерија Андоновски, Благоја Георгиевски Буштур, Лaзар Лечиќ, Заре Марковски, Марин Докузовски (во два наврати), Јорданчо Давитков (во два наврати), Јовица Арсиќ, Марјан Лазовски, Алеш Пипан, Александар Ѓикиќ, Марјан Србиновски, Драган Раца и Александар Тодоров.
„Најпрво би сакал да ве поздравам и да ви се заблагодарам вам што се појавивте во олкав број, отсекогаш сум имал одлична комуникација со претставниците на медиумите. Огромна благодарност и до челниците на Федерацијата за довербата да бидам на оваа функција. За секој тренер е чест да се биде селектор на една репрезентација, а јас ја имам честа да станам селектор на Македонија. Мило ми е што луѓе како Антиќ и Гечевски кои како играчи имале врвни тренери, одлучија да ме изберат мене за нов селектор. Имам доста голема енергија и желба да направиме добра работа заедно. Би сакал да останам десет години. Рано е да се зборува за детали, но сите играчи ќе добијат шанса да играат и ќе се обидеме од секој да го извлечеме најдоброто и да бидеме најдобри што можеме. Како тренер барам да бидеме како семејство и да дишеме како еден, бидејќи само тоа е патот кон успехот.“ – се првите зборови на Драган Бајиќ откако официјално ја презема функцијата селектор.
Првиот официјален предизвик за новиот селектор се втората рунда од претквалификациите за Светското Првенство 2023, закажани за претстојниот месец август.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград