Поврзи се со нас

Спорт

Драма во Кале: КК Вардар – КК Гостивар 105-106

Објавено

на

Кошаркарите на гостиварскиот прволигаш приредија уште еден шок натпревар во кој до последните секунди не се знаеше победникот, овојпат ги послужи и среќата, гостиварци го добија дуелот со Вардар 105-106.

Ефикасен, тркачки, драма дуел во кој скоро и да не се играше одбрана прикажаа актерите на двете екипи. КК Гостивар успеа да ја наметна својата само во првиот период кој го доби (24-29). Вардарци возвратија во вторите 10 минути добивајќи го периодот (31-21), заминувајќи на одмор со +4, 54-50.

Бркотницата продолжи и во вториот дел, младата и жилава екипа на Вардар успеваше во неколку наврати да поведе, не не можеше подолго да ја одржи предноста, третиот период го добија гостиваци (22-29). Последните 10 минути донесоа шутерско шоу, не се штедеше на шут за три и на двете страни, што резултираше со дури 58 поени во последната четвртина која заврши (29-29). Гостиварци иако беа фаворити во оваа пресметка, квалитетно се намачија против „црвено-црните“ за на крај да слават со пола кош разлика 105-106.

Тодоровиќ, Димчевски и Костоски одиграа фантастичен натпревар, Србинот беше најефикасен кај гостите со 26 поени, 8 скока и 4 асистенции, Димчевски запиша 25 поени, 8 скока и 3 украдени топки, додека Костоски запиша 23 поени и 8 асистенции.

Џуниос Провел од Вардар беше најефикасен на натпреварот со 27 поени

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена