Вести
Драстично намалување на дивите животински видови

Набљудуваните популации на диви видови во светот – цицачи, водоземци, влекачи и риби – во просек се намалени за 69 отсто во споредба со 1970 година. Информацијата е објавена во Извештајот за состојбата на планетата на Светската организација за заштита на природата, претставено денеска.
Извештајот што се објавува на секои две години, носи научни докази дека неодржливите човекови активности ги доведуваат екосистемите, заслужни за животот на Земјата, до раб на пропаста. Тоа ги повикува светските лидери да се здружат во изградба на поодржлива, поотпорна и поздрава планета за луѓето и за природата.
Податоци особено укажуваат на тоа дека меѓу 1970 и 2018 година, набљудуваните популации на диви животни во Јужна Америка и во пределот на Карибите, опаднале во просек за 94 отсто.
Генералниот директор на Меѓународната светска организација за заштита на природата, Марко Ламбертини истакна дека човештвото е соочено со две вонредни состојби предизвикани од дејствувањето на луѓето – климатските промени и губењето на биодиверзитетот, што го загрозуваат благосостојбата на сегашните и идните генерации.
– Извештајот изнесува шокантни бројки. Доколку сакаме да го заприме и превртиме губењето на природата, односно да обезбедиме здрава иднина за луѓето и природата, одговорот мора да биде промена на системот, нагласи Ламбертини.
Светската организација за заштита на природата се залага лидерите на земјите потписнички на Конвенцијата на ОН за биолошка разновидност, на конференција во декември да постигнат договор сличен на Парискиот, со што ќе се обврзат на запирање на губењето на биодиверзитетот и до 2030 година ќе обезбедат свет насочен кон зачувување на природата.
Извештајот покажува дека секаде во светот главни причини за намалување на популацијата на дивите животни се деградација и губење на живеалиштата, експлоатација, воведување на инвазивни видови, загадување, климатски промени и болести.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 2 недели
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава