Музика
D’Reamers грмат со нова песна наречена… „Тишина”

Гостиварскиот состав Синиша и Џејмс, алијас “D’Reamers”го промовираа нивниот најнов сингл „Тишина” со видео кое се снимаше на повеќе локации, односно во Маврово, Матка и Гостивар. Во него се појавува и младата Драгана која упати доста позитивни критики, како на самата песна така и на видео записот. Спотот е планиран и сниман повеќе од 3 месеци, поради замислата и идејата на севкупниот тим.
„Целта на“Тишина”, на ова перфектно музичко дело, беше да добиеме еден автентичен зимско-пролетен времеплов преку самото видео, и преку таков запис, ги меморираме оние убави места во Македонија кои во одреден годишен период зрачат со самата нивна магија. Тука природата ни дарила апсолутно се‘ и навистина не постоеше ниту трошка двоумење околу тоа кон што ќе цели самиот спот. Секако дека со вакви видео записи нема да застанеме, и ќе се потрудиме и во наредните музички дела да промовираме повеќе реткости од убавините на македонската природа“ изјавија Јордан и Синиша.
Автор на музиката и текстот е на Синиша Карафилоски, вокалите се на Јордан Ивановски Џејмс, аранжманот е изработен од страна на Дамир Пух и Наташа Миха, самиот микс и аудио продукција е изработена во нивното GreenRoom Sound студио, додека за видеото беше задолжен Небојша Петревски, т.е. ProCam студио, апост видео обработката ја финализираше Дарко Јовановски.
D’Reamers ни изјавија дека дека престојат уште многу заеднички проекти на горенаведениот тим, и веќе размислуваат кон реализација на наредните музички изданија.
Но она што е актуелно е “Тишина”! Уживајте!
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022