Занимливости
Дрес на Коби Брајант продаден за седум милиони долари

Дресот што Коби Брајант го носеше во својата дебитантска сезона во Лос Анџелес Лејкерс е продаден за седум милиони долари на аукција во четвртокот во Њујорк , објави денеска аукциската куќа „Сотби“.
Дресот е илустриран со фотографии од седум натпревари од неговата дебитантска сезона 1996-97, вклучувајќи го неговото деби во претсезоната на 16 октомври и дебито во регуларната сезона на 3 ноември 1996 година, како и неговиот ден за медиуми во НБА.
Со износот од седум милиони долари, овој дрес е четвртиот најскап продаден во историјата, зад дресовите на Бејб Рут (24 милиони долари), Мајкл Џордан (10,1 милион долари) и Диего Марадона (9,3 милиони долари).
„Првите натпревари се навистина уникатни моменти во кариерата на еден спортист“, рече раководителот на одделот за модерни колекционерски предмети на „Сотби“, Брам Вахтер. „Тие го означуваат потеклото на едно извонредно патување, а за легендарни спортисти како Коби Брајант, овие пресвртници имаат уште поголемо значење бидејќи претставуваат уникатен момент во времето што никогаш повеќе не може да се повтори.“, наведе Вахтер.
Петкратниот шампион во НБА лигата, Брајант, загина на 41-годишна возраст во хеликоптерска несреќа во јануари 2020 година, во која живото го загубија а и неговата ќерка Џана, како и уште седум други лица.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 4 дена
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Македонијапред 4 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Гостиварпред 3 месеци
Бесник Зеќири стапи на функцијата директор на болницата во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос