Гостивар
Дружење и развој на децата во Гостивар преку спортски активности

Основци и средношколци од гостиварските училишта денес преку спортски активности и разни игри совладуваа вештини на комуникација, солидарност, толеранција, а пред се‘ другаруваа и се забавуваа. Нивни водичи беа наставници кои поминаа посебна обука за таа намена преку проектот „Спорт за развој“, што го спроведува организацијата ТАКТ со поддршка на гостиварската општина и Германското друштво за меѓународна соработка.
Во настанот беа вклучени деца од различни националности, возраст, пол, како и дечиња со посебни потреби.
„Наставниците пред еден месец имаа тренинг за спорт за развој во Маврово и денес сме тука да согледаме како тоа што го совладале го пренесуваат на учениците. Овие активности се со цел децата преку спортот да развиваат вештини на самодоверба, солидарност, комуникација и слично. Секако, на интересен и забавен начин.“, рече Магдалена Спасовска, претседател на организацијата ТАКТ.
Активностите на проектот се базираат на претходно потпишан меморандум за соработка меѓу општината и организацијата.
„Задоволни сме од тоа што го гледаме како досегашен резултат на проектот и се надеваме дека оваа пракса ќе почне да се применува во сите гостиварски училишта. Соработката со организацијата секако ќе ја продолжиме и понатаму, затоа што бенефит од ваквите активности имаат нашите деца.“, изјави градоначалникот Арбен Таравари.
Дечињата кои денес учестуваа во настанот добија подарок спортска облека, донација од Германската фудбалска асоцијација.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар