Поврзи се со нас

Занимливости

Дрвото на животот, кое со години тврдоглаво виси над површината

Објавено

на

На ерозиран и делимично изрушен брег на плажата Калалоч во националниот парк Олимпик во Вашингтон, се наоѓа уникатно дрво кое со години тврдоглаво виси над површината на земјата, држејќи се за само неколку корени.

“Осамените дрвја, ако воопшто израснат, ќе израснат во силни дрвја“ – Винстон Черчил

Поради тоа што навидум одамна требало да биде мртво, станало познато како Дрво на животот. Некои го сметаат за волшебно, други за бесмртно, а некои за многу отпорно и упорно.

Вистинско чудо е што дрвото сеуште е живо, како и тоа што од година во година повторно и повторно разлистува и покрај тоа што под него нема подлога. Уште едно вистинско чудо е што дрвото никогаш не е превртено и покрај силните ветрови и невремиња кои го погодуваат овој брег.

“Спознавајќи ги дрвјата, го разбирам значењето на трпението, спознавајќи ја тревата, ја разбирам упорноста“ – Хал Борланд

Оваа ситканска смрека никогаш не добила свое официјално име, па луѓето ја нарекуваат со различни називи како “дрво на животот“ и “бунтовното дрво“. Според различни извештаи, празнината под дрвото настанала поради мал поток кој тука си го нашол својот пат до океанот и кој со децении го уништува тлото под самото стебло.

Сподели ја веста:
1 Коментар

1 Коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена