Поврзи се со нас

Гостивар

Државата да ни обезбеди домови, бараат семејствата од изгорените бараки во Гостивар

Објавено

на

Семејствата кои останаа без покрив над главата, откако им изгореа бараките на ул „Илинденска“ во Гостивар, бараат помош од институциите.

Општина Гостивар им обезбеди привремено сместување, Црвениот Крст донира хуманитарни пакети, а народната кујна на организацијата Дава се обврза да го покрие делот со храната.

Семејствата велат дека секоја помош е добредојдена, но бараат трајно решавање на домувањето за да можат да си ги создаваат основните услови за живот.

„Вечерта кога се случи пожарот животот ми го спасија соседите. Едвај спасивме жива глава и се ни остана внатре, изгоре. Молиме за помош, општината, главните во труд и социјала, во СИЗ-от, да ни дадат покрив над главата. Јас живеам од социјална помош, не стигнува струја да платам, да купам лекови и леб. Како сега и каде да одам“, рече една од станарките Елизабета Бошкова.

Во бараките живеела и Шемсие Абази, која со солзи во очите зборуваше за страотната вечер: „Да ги замолам сите кој сака да помогне. Се‘ се стори пепел, не ми остана ни здравствената книшка, ни лековите, а имав тешка операција. Ништо не можев да спасам, ни на лекар сега не можам да одам. Да не беше соседот да скрши врата, да ме изнесе надвор, сега ќе ме најдевте изгорена.“

Друг станар, Сенад Абдији рече дека привременото сместување не може да биде решение и дека државата треба да им даде дом: „Немаме ништо, немаме покрив над главата. Општината не смести во хотел, но тоа ќе биде неколку дена. Рекоа дека ќе имаат состанок да видат, што, како понатаму. Ама, јас не сакам ќирија да ми плаќаат некаде, тоа ќе биде за 2-3 месеци и што после. Сакам да ми се обезбеди стан. Имам болна мајка, татко ми е стар човек, а се‘ ни изгоре.“

Пожарот се случи во недела рано наутро околу 4 часот. Пламените јазици многу брзо се прошириле во објектите и ги проголтале.

 

 

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Тема: ПЕНЗИОНЕРИ | Гостинка: Живка Матевска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар ќе се одбележат 100 години од раѓањето на еден од најголемите херои на Македонија, Чеде Филиповски – Даме

Гостиварпред 2 недели

Потресувачки случај на самоповреда и напад во семејство во гостиварско, четири лица пренесени во болница

Гостиварпред 2 недели

Филмско разбојништво во атар на Чегране, украдени над 500 кг. марихуана од фабрика за канабис

Гостиварпред 2 недели

Гостиварката Тамара со број 6, почна гласањето за Јуниор Евросонг

Гостиварпред 4 недели

Во еден по полноќ во Гостивар приведена девојка оти нарушила ред и мир

Гостиварпред 2 недели

Лишен од слобода 51-годишен гостиварец поради физички напад врз неговата вонбрачна партнерка

Гостиварпред 4 недели

Тамара Грујеска во пресрет на Јуниорски Евросонг: Со нетрпение го чекам настапот во Ница, ќе дадам максимум од себе

Гостиварпред 4 дена

Изменет режим на сообраќај на патот Тетово-Гостивар, ќе трае 6 месеци

Гостиварпред 1 недела

Семејна драма во гостиварско: Родителите се расправале, па синот го повредил таткото со нож

Спортпред 2 часа

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 3 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 4 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 4 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 4 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 5 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 6 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Огласи за вработување:

Advertisement
.

Популарно изминативе 100 дена