Поврзи се со нас

Гостивар

Државата има правни механизми за раскинување на концесиите за мали хидроцентрали во Маврово, порачува Еко свест

Објавено

на

Државата има правни механизми како да ги раскине договорите за концесиите за малите хидроцентрали кои се изградени во Националниот парк Маврово и со тоа да го запре понатамошните штети врз природата и врз локалните заедници. На терен треба внимателно да се утврди целокупната состојба со овие хидроцентрали од што може да зависи и кој од расположливите правни пристапи може да бидат применети, порачуваат од „Еко-свест“.

-За разлика од финансиските последици кои треба прецизно да се утврдат, она што досега добро се познати последиците по животната средина, екосистемот и заедниците кои живеат во заштитеното подрачјe се дека пределите, природата и луѓето трпат од намаленото ниво на водата и од градежните активности со кои се градеа централите, при што се пробиваа патишта во длабоките шуми и се градеше во недопрена природа. На овој начин се доведуваат во опасност самите вредности поради кои Маврово е национален парк, изјави Ѓорѓи Митревски, раководител на програмата за заштита на водите на Еко-свест.

За да не се повторуваат овие грешки, како што рече, во анализа се предлага измена и дополнување на законите за животна средина, за природата и за водите со интервенции со кои ќе се осигура дека нема повеќе да се доделуваат концесии за изградба на малите хидроцентрали и слични проекти во рамки на заштитени подрачја.

Како што велат од Еко-свест, анализата на целокупната легислатива која ги регулира и допира издавањето на концесии за изградба на мали хидроцентрали која ја изработи профофесор доктор Игор Камбовски утврди дека штетата е направена уште многу порано пред да бидат издадени дозволите и потпишани договорите за трите централи на реките Рибничка и Жировница кои течат во националниот парк.

-Штетата се состои во тоа што законодавството не предвидува никакви посебни услови или забрана за изградба на вакви капацитети во заштитени подрачја. Поточно, дали се бара концесија за хидроцентрала во национален парк или на било кое друго место во државата, постапката и условите се исти иако последиците по животната средина се многу различни, велат од Еко-свест.

-Доколку државата планира да остане доследна на Бернската конвенција која ја потпишала и е меѓународен правно обврзувачки инструмент и на нејзините препораки за Македонија, треба да ги суспендира и откаже одобрените концесии, како и оние планирани за изградба и да спроведе забрана за хидроцентрали (големи, средни и мали) во национални паркови, заштитени подрачја, локалитети со статус на светско наследство и други кандидати за Емералд локалитети (потенцијални идни Натура 2000 локалитети). Тоа значи дека во претстојниот период овие концесии ќе треба да се повлечат, посочуваат од Еко-свест.

Според проф. Камбовски постојат три сценарија како ова може да се спроведе – спогодбено раскинување; еднострано раскинување на договорот доколку е утврдено дека концесионерот не се придржувал до обврските од договорот или со инспекциски надзор е утврдена битна повреда на обврските од концесионерот; и носење на закон за репрогласување на НП Маврово за национален парк во кој ќе се испочитуваат препораките од Бернската конвенција.

-Трите сценарија на поништување на издадените концесии може да предизвикаат различни правни и финансиски последици за државата почнувајќи од трошоци за враќање на надоместоците за концесија па сѐ до правни спорови за надомест на штета и неостварена добивка со кои може да се блокираат и други процеси како репрогласувањето на Маврово за национален парк кое и така доцни веќе осум години. Затоа од големо значење за сите сценарија е да се утврди во која мера концесионерите на постојните централи се придржувале до договорите и законските ограничувања во однос на заштита на природата. Токму доцнењето на носењето на законот за Национален парк – Маврово веќе подолго време ги подгрева сомнежите дека бизнисот со малите хидроцентрали е дел од причините зошто толку години ова подрачје не е повторно прогласено за национален парк и нема нови план за управување, истакнуваат од Еко-свест.

Во правната анализа, како што велат, се подвлекува дека е важно да се земе предвид и дека висината на повластена тарифа според која просечната цена по која е загарантиран откупот на електричната енергија која ја произведуваат малите хидроцентрали изнесува околу 81 евра, што по сегашните пазарни услови е далеку под пазарната цена.

-Тоа може да биде аргумент плус во преговарачката позиција на Владата, посочуваат од Еко-свест.

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 2 недели

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 2 недели

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 4 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 месец

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 4 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена