Македонија
Државата ќе ги плати долговите за струја на институциите кои имале објективни причини, останатите ќе сносат одговорност

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека државата ќе мора да ги покрие долговите за електрична енергија на оние клучни институции кои имале објективни причини за такво нешто, но не и на оние институции кај кои не постојат вакви причини. Оние институции кај кои не постојат објективни причини за неплаќањето на сметките, најави ќе ги повика на одговорност. – Не ми е сфатливо како може со години да не се плати струја што е недомаќинско однесување на дел од раководителите на тие институции. Кај дел има и објективни фактори, на пример здравствените институции беа оптоварени со многу трошоци во текот на корона кризата. Не трпам директори кои не плаќале струја затоа што сметале дека нивните институции не можат да останат без струја ,само затоа што се од витално значење, изјави Ковачевски.
За овој проблем најави дека денеска ќе има состанок во Министерството за економија.
Во однос на ставањето во функција на сите енергетски капацитети во државата, Ковачевски информираше дека почнуваат монтажните активности на Блок 3 во РЕК Битола затоа што дел од опремата е пристигнат и оти комерцијалниот директор на ЕСМ денеска е во Турција со цел да го доорганизира транспортот на трансформаторот. Многу скоро очекува да биде ставен во мрежа и ТЕЦ Неготино.
Прашан за дојавите за бомби за кои денеска има случаи и во Кавадарци, премиерот посочи дека се работи за хибридни закани кои зачестиле по руската агресија на Украина. Нагласи дека ваквите лажни дојави за бомби не се случуваат само кај нас, туку и во други држави членки на НАТО и оти целта е да се креира паника.
– Не е толку едноставно да се идентификуваат сторителите. Има индиции и доколку има финални резултати и ако сторителите се наоѓаат во државата, секако дека ќе бидат изведени пред лицето на правадата, рече Ковачевски.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение