Поврзи се со нас

Македонија

Државата се расфрла со непродуктивни трошоци, а пациентите со дијабетес молат за лек-Протестно писмо на Сојузот на дијабетичари

Објавено

на

Сојузот на здруженија на дијабетичари испрати протестно писмо со кое изрази голем револт и гнев, нагласувајќи дека недозволиво е осум месеци да нема инсулински игли, ленти, апаратчиња за мерење на шеќер.

„На крајот на секој тендер и почетокот на нов тендер речиси по правило немаме доволно инсулин и друга антидијабетична терапија. Револтирани сме и поради тоа што не можеме ни да Ве пофалиме за новата терапија која ни ја обезбедувате на тендер ама и по неколку месеци не можеме да ја добиеме. Прашуваме, каде Ви е сега „пречката или проблемот“ и после 90 дена потпишани договори за набавка на Антидијабетна терпија ја нема“, се вели во писмото.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, вкупниот број на пациенти со дијабетес во земјава е 135.690.

„Тоа значи дека речиси 136 илјади граѓани во оваа држава мака мачат, живеат под стериозен стрес и имаат секојдневни проблеми поради нивната хронична состојба. Доколку тука ги додадеме и семејствата, бројката е навистина многу поголема, односно скоро една четвртина од вкупното население во нашата држава се соочува со последиците од дијабетесот. 136 илјади граѓани во оваа држава немаат финансиски средства самите да си ги обезбедат потребните медицински помагала или потребната терапија за справување со нашата дијагноза – дијабетесот. Знаете како се снаоѓаме? Во 21-виот век, ние пациенти меѓу себе си разменуваме од терапијата, од иглите, од лентите и од апаратчиња за шеќер. Недозволиво е кога државата секојдневно се расфрла со непродуктивни трошоци, пациентите со дијабетес буквално да молат за лек и помагала којшто треба регуларно да им следуваат. Наместо да им олесниме на децата и да не ги боцкаме по 10 пати во денот, наместо да им овозможиме убаво детство, тие секојдневно се мачат. Каде се сензорите? Заглавени повторно во „трач муабет на пациентите“ „кај плачковците пациенти и родители“ или во ваши некакви правни лавиринти!“, велат од Сојузот.

Во писмото во продолжение се наведува:

„После средбата со министерот за здравство и неговиот кабинет, заедно, на 21 јули 2023 година со претседателот на Националната комисија за дијабетес и директорот на Клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболни состојби, на која баравме а не преговаравме, на која инсистиравме, а не договоравме, вие како Министерство за здравство и писмено ни ветивте, антидијабетна терапија за сите ќе биде достапна од 27 јули 2023 година, ленти и глукомери за сите ќе биде достапно за 10 дена, а затоа што знаевме и бевме убедени дека нема да ги добиеме дадовме уште 10 дена! И денес нема ленти и глукомери! Договорниот економски оператор „Др. Пановски“ кажува едни информации, вие како МЗ други информации, во договорот стојат најлошите рокови за сите нас! Денес има парцијална антидијабетна терапија само за дел од постојните пациенти, пред да се потпишат новите договори од новите тендери!“.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Македонијапред 2 недели

Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус

Вестипред 3 недели

УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ

Гостиварпред 3 недели

Полициски службеник и уште едно лице осомничени за продажба на кокаин во Гостивар, Тетово и Скопје

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар одбележани 80 години од загинувањето на борецот херој, Сретко Крстески

Гостиварпред 3 недели

Пронајдени гранати при ископ на тротоар во Гостивар

Македонијапред 4 недели

Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година

Гостиварпред 3 недели

Пукање на улица во Гостивар, едно лице лишено од слобода

Гостиварпред 3 недели

Таравари во болницата во Гостивар промовираше инвестиции од околу 400.000 евра

Гостиварпред 4 недели

Повреден 18 годишник од Гостивар на забава во викендица во Маврово

Гостиварпред 1 месец

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 3 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 4 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 9 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 9 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 11 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 11 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 1 година

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена