Вести Гостивар
Државни субвенции од 2.000 до 3.000 евра за нови возила и до 300 евра за вградување плин

Законските измени во Законот за возила коишто вчера беа усвоени од Собранието се со главна цел за намалување на загадувањето на воздухот од страна на возилата, истакна министерот за економија Кресник Бектеши при презентирање на измените и дополнувањата.
Новини во Законот за моторни возила се воведување на субвенции за вградување на уреди на течен нафтен гас или компримиран земјен гас односно метан, субвенции за купување на ново возило, ако претходно користеното се одјави. Се воведува категоризација на возилата во зависност на стандардите кои ги исполнуваат кои ќе бидат одбележани со зелена, жолта и црвена налепница, а се воведуваат и жолти регистарски таблички за таксистите и унифицирана светлечка табла за такси возилата.
„Со мерката за субвенционирање на трошоци за вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во постоечките возила се предвидува да се субвенцинира 50% од цената на трошоците за набавка и вградување на уредот, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност за возило и се предвидува да бидат опфатени над 1.200 возила на годишно ниво. Мерката за субвенционирање на купување на нови возила со одјава на старо возило има за цел да се зголеми увозот на нови возила во однос на половните и значително ќе се забрза обновата на возниот парк, што значително ќе се влијае на намалувањето на загадувањето на амбиенталниот воздухот. Се предвидува да се субвенции од 2.000 – 3000 евра во денарска противвредност за набавка на ново возило, и во првата година се предвидува да бидат опфатени над 200- 500 возила“, изјави Бектеши.
Во однос на категоризацијата на возилата, како што истакна министерот Бектеши, Министерството за економија ќе пристапи кон изготвување на правилникот согласно кој ќе се воведе еколошката налепница за возилата, согласно еколошките стандарди. Законот предвидува возачите да ја имаат на своите возила на доброволна база, односно не е обврска на сите граѓани. Бојата на налепниците ќе зависи од категоријата на возилото.
„Прва еколошка категорија ги опфаќа возилата со ниво на емисија на издувни гасови ЕУРО 5 и повисоко, како и возилата со емисија на издувни гасови ЕУРО 4 и ЕУРО 3 на кои е вграден уред за погон на течен нафтен гас или погон на компримиран земјен гас, хибридните возила и електричните возила, како и возилата кои имаат вградена опрема која ја намалува емисијата на гасови во воздухот и ги достигнуваат стандардите на EURO 4,5 и повисоко. Втора еколошка категорија, ги опфаќа возилата со ниво на емисија на издувни гасови ЕУРО 4 и ЕУРО 3, а трета еколошка категорија, ги опфаќа возилата со ниво на емисија на издувни гасови ЕУРО 2 и пониско, како и возилата за кои производителот нема дефинирано емисија на издувните гасови“ информираше Бектеши.
Во периодот на високо загадување, како што потенцираше министерот со Одлука на Општините во период кога ќе се донесе, граѓаните кои ќе можат да влегуваат во таа општина и тие денови ќе мораат да имаат зелена налепница.
Субвенционирањето се очекува да започне од почетокот на следната година, но можно е и порано ако се обезбедат средства со најавениот ребаланс на буџетот.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја