Поврзи се со нас

Македонија

ДСР со реакција: Дали некој од Владата го посетил претепаниот Ром, Ерсој?

Објавено

на

Демократски сили на Ромите денес излезе со реакција на изјавата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, за кажаниот дел дека во Македонија нема дискриминација кон одредена заедница. ДСР испрати јавно прашање до Османи.

„Министерот истакна дека на било кој граѓанин  од било која заедница да му се случи истото (се мисли на претепувањето на Христијан Пендиков во Охрид) макар и на крајот на светот да се наоѓа, ќе го посети како тоа што го направил во Софија. Партијата Демократски сили на Ромите сака да ја потсети македонската јавност и Владата на Република Македонија пред само неколку месеци, во Штип од страна на полициски службеници брутално беше претепан и фрлен на кров лицето  Ерсој Ибов кој е од Ромска националност. Затоа јавно го прашуваме Министерот Османи или било кој друг функционер на Владата: ДАЛИ НЕКОЈ ГО ПОСЕТИЛ претепаниот Ром во Штип Ерсој Ибов?! Што е преземено од страна на надлежните органи во врска со овој случај?! ДСР како партија со демократски вредности постојано укажува за целосно дискриминирање на Ромската заедница по сите основи! ДСР  како партија најостро го осудува насилството врз било кој човек од било која заедница! Во Македонија добар дел од политичарите генерално директно или индиректно не се свесни дека ги дискриминираат Ромите, а од страна на ДСР и Ромите во Македонија постои огромна недоверба  кон надлежните институции и органите кои се надлежни за санкционирање на сторителите, односно оние кои дискриминираат!“, стои во реакцијата на ДСР.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 1 ден

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 2 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Гостиварпред 4 недели

Гостивар: Со картица од бившата вадел пари од банкомат

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена