Вести
Дуел на непоразените во Супер лигата – МЗТ Скопје го пречекува КК Гостивар
Продолжуваат возбудувањата во кошаркарската Супер лига. Денеска се игра последниот натпревар од 4-тото коло во кое ќе се сретнат единствените непоразени екипи, МЗТ Скопје ја пречекува екипата на КК Гостивар.
МЗТ Скопје е второпласирана екипа на табелата, во досегашниот дел од Супер лигата ги совлада Кожув, Блокотехна и Куманово. Поради учество во финалето на АБА 2 лигата, „штрковите“ имаа згуснат распоред и побараа натпреварот да се одложи за денеска, на што гостиварци џентлменски прифатија.
КК Гостивар одлично го отвори овој дел од плеј-офот има три од три во Супер лигата, ги совладаа Блокотехна, Куманово и Работнички. Вечерва ги очекува тежок и неизвесен натпревар против МЗТ, екипа која испадна во полуфинале на купот на Македонија и не успеа да се пласира во АБА лигата, па сите сили ќе ги насочи кон домашното првенство каде нема право на ниту еден кикс повеќе.
Натпреварот се игра во Спортскиот ценар Јане Сандански, од 18 часот.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 недели
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 недели
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
БРАВО! Руфија Идризовска од Гостивар со просек 10,00 најдобар студент на ПМФ и Институтот за хемија
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Манастирот Преображение во Циглана осветлен за Бадник