Поврзи се со нас

Спорт

Дуел на Работнички и КК Гостивар во СЦ Кале од 16 часот

Објавено

на

Се ближи крајот на регуларниот дел од натпреварувањето во Првата македонска кошаркарска лига сезона 2020/2021, ковид пандемијата придонесе завршницата буквално да е хаос, големиот број на одложени натпревари, способноста на одредени клубови целата ситуација да ја извртат во своја полза резултира со тоа што некои екипи го завршија натпреварувањето и не си го знаат исходот, односно пласманот на табелата, додека други екипи сеуште се со -3, -5, -6 натпревари заостанување, кои дури сега треба да ги одиграат.

Еден од тие одложени натпревари е и дуелот помеѓу Работнички и Гостивар, кој требаше да се одигра некаде во јануари, но поради многуте „обврски“ на центарци ќе се одигра денес. Работнички е една од екипите која во досегашниот дел од првенството има одиграно 17 натпревари, со скор од 12 победи и 5 порази. Натпреварот кој КФМ го води како 13.коло, екипата на Работнички ќе го одигра денес со сосема нов ростер кој го оформи во изминативе 15 дена, што е уште едно гледање низ прсти на екипите кои го практикуваат тоа. Избраниците на Мираковски се во серија од 5 победи во ред, со победа над Гостивар го обезбедуваат пласманот во топ 8.

КК Гостивар и покрај сите „финти“ кои ги виде во изведба на раководството на Работнички во последниве неколку дена по повеќе спортски и неспортски прашања, по којзнае кој пат покажа широкоградност, а и храброст и во интерес на кошарката прифати одложување на дуелот за 24 часа. Гостиварци и математички се во завршниот плеј-оф, но во последните два натпревари се тркаат за што подобра позиција, пред конечниот пласман односно одредувањето на нокаут двојките.

Натпреварот во СЦ Кале започнува од 16 часот, пред почетокот ќе објавиме линк на кој ќе може да го следите дуелот.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена