Поврзи се со нас

Гостивар

Духот на работните акции живее и денес, Здружението на акцијаши Гостивар верно на мисијата

Објавено

на

Понесени од духот на сплотеноста, придонесување во општото добро, возбудата и трудољубивоста на некогашните младински работни акции, неколкумина ентузијасти од Гостивар пред околу пет години формираа Здружение на акцијаши, преку кое прават напори да спроведуваат општокорисни активности и да се вклучуваат во организирани настани низ земјава и екс-југословенските простори.

Гостиварското здружение носи име „Акцијаш“, а неговите членови навистина имаат интересни и несекојдневни приказни за раскажување од времето кога биде дел од младинските работни акции. Во нив учествувале со радост и голема посветеност да си ги завршат зададените обврски одговорно, но истовремено и да развиваат пријателства, да се дружат и шират позитивна енергија.

Тргнување на бригада „Панче Попоски“ пред општината во Гостивар на акција на Пљчковица 1978 година.

„Тоа беа моменти што се паметат цел живот, на искрени дружби, братство и единство“, велат нашите соговорници од „Акцијаш“ , Здравко Трипуновски и Ариф Мединовски. Првата акција на Здравко била во 1989 година во црногорскиот град Бар, додека Ариф прв пат учествувал во 1977 година кога имал само 13 години. Тоа била акција на реката Морава, каде се чистело, уредувало и проширувало речното корито.

Акциите биле беспрекорно спроведувани, со голем ред и дисциплина и траеле околу месец дена. Учесниците биле организирани во бригади, на чие чело имало командант. Гостиварската бригада носела име „Панче Попоски“.

За да се долови максималната вложеност на акцијашите, доволно е да се опише еден ден од текот на акцијата во Сараево 1980 година, која претходела на Олимписките игри и кога ударниците работеле на проширување на скијачките пакети. Станувањето било во 4 часот наутро, до локацијата за работа се одело 4 часа пеш, работните активноисти траеле интензивно 4 часа и потоа повторно толку пешачење за назад.

Акција Летенка, Фрушка Гора 1989 година.

Изминатиот период Здружението реализира повеќе активности, меѓу кои уредување на спомен обележјето на жртвите во лавините во Аџина Река, спомен плочата во селото Ниќифорово, а во план е и средување на гробот на народниот херој Злате Малакоски во Богдево. Акцијашите предвидуваат и учества во настани и собири во Ниш, Нови пазар, Кикинда, Смедерево и др.

Сепак, од Здружението велат дека се соочуваат со пречки и предизвици и за да се остварат плановите неопходна им е финансиска поддршка како и просторни услови. „Разговараме, разменуваме искуства со здруженија како нашето во други градови и ни кажуваат дека добиваат поддршка од општините, но ние до сега немаме. Без финансиска помош да се покријат основни трошоци, како на пример за превоз, за простории, многу тешко е да се реализираат плановите. Се надеваме дека во иднина ќе оствариме соработка со локалната самоуправа и ќе бидеме поддржани“, кажа Трипуновски.

Акција Морава, бригада „Панче Попоски“ 1977 година.

Младинските работни акции биле создадени за време на НОБ, а станале особено популарни по завршувањето на Втората светска војна и имале за цел да ја обноват и изградат инфраструктурата, спортските, културните, економските објекти во тогашна Југославија. Во првите повоени акции, милиони млади луѓе изградиле автопати, железници, фабрики и други објекти. Мавровскиот хидроенергетски систем е граден во работна акција во која учествувале над 37.000 ударници.

Први април се слави како Ден на младинските работни акции, затоа што на тој датум во 1946 година започнале подготовките за организирање на изградбата на пругата Брчко – Бановиќи.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 недели

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Македонијапред 4 недели

Нови цени на горивата од полноќ!

Видео емисиипред 2 недели

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 2 недели

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 4 недели

Духот на работните акции живее и денес, Здружението на акцијаши Гостивар верно на мисијата

Гостиварпред 2 недели

Автомобил излетал од патот Гостивар – c.Беловиште и паднал во Лакавичка река

Рецептипред 4 недели

Домашен сок од цреша по рецепт на нашите баби

Гостиварпред 4 недели

Во пресрет на доаѓањето на печалбарите подготовки и мерки за ред во сообраќајот

Гостиварпред 3 недели

Неуморен автор! Гостиварецот Кипроски промовира уникатна и ретка монографија

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 3 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 5 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 7 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена