Гостивар
ДУИ и иницијативата пуштија видео пред општина: „Ниту едно од клучните ветувања на Таравари не е исполнето“

Форумот на млади на ДУИ и граѓанската иницијатива „Гостивар кој го сакам“ поставија видео бим пред општинската зграда, наредија столчиња и проектираа видео со изјави од актуелниот градоначалник Арбен Таравари.
-Ова се неисполнетите ветувања, лаги и скандалозни настапи во јавноста на градоначалникот во заминување. Граѓаните на Гостивар мора да ја знаат вистината. Ниту едно од клучните ветувања на Таравари не беше исполнето во четиригодишното лошо управување со Општина Гостивар. Ние денеска не зборувавме за Таравари, тој зборуваше за себе и покажа како потфрли во својот мандат. Таравари нема што повеќе да им понуди на граѓаните на Гостивар. Толку згреши што успеа да се појави на „Фикс Фаре“, наведоа во соопштение од Младинскиот форум на ДУИ.
Во видеото што го пуштија беа ставени изјави за проблемите со кучиња-скитници, депонијата Русино, сообраќајот, коцкарниците итн.
- Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
- Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
- Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 3 месеци
Вида Гаврилоска Бубалова, психолог и психотерапевт
- Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
- Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер