Вести
ДУИ контра општина Гостивар за даноците – Кој имал подобра наплата?
Откако актуелното општинско раководство на Гостивар се пофали дека ја зголемило наплатата на јавните приходи во буџетот, гостиварскиот огранок на ДУИ се јави со соопштение во кое тврди дека објавените податоци се дезинформации.
„Секторот за финансии и буџет објавуваат дека приходите остварени во основниот буџет на Општина Гостивар за првиот квартал од 2018 година, во споредба со истиот период минатата година се зголемени за 13%. Го потсетуваме раководството на Општина Гостивар дека во првиот квартал од 2017 година остварени се приходи од 64.394.155,00 денари, а не 60.739.493,00 денари, колку што тие кажаа. Ако пак ги споредиме приходите од претходните години, ќе видиме дека има намалување на приходите остварени во 2018 година. Во првиот квартал на 2016 година, реализацијата е 75,973,968.00 денари, за разлика од 2018 година ккога изнесува 68,502,722.00 денари. Реализацијата на данокот на имот, во првиот квартал од 2018 година е 16.719.149,00 денари, додека во 2016 година, реализацијата изнесуваше: 16.991.382,00 денари. Реализацијата на комуналните такси (кои вклучуваат градежни дозволи) во првиот квартал на 2018 година изнесува 15,909,149.00 денари, додека во 2016 година реализацијата беше 24,368,817.00 денари“, се вели во соопштението.
Од огранокот на ДУИ нагласуваат дека градоначалникот Таравари ја дезинформирал јавноста и во врска со наследениот долг, односно кажувал во јавноста суми кои не се точни.
-
Гостиварпред 20 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград