Поврзи се со нас

Вести

ДУИ контра општината: Долговите на спортската сала во Гостивар ги создаде актуелното раководство

Објавено

на

Откако општина Гостивар одговорноста за исклучувањето на струјата во спортската сала ја лоцираше во претходното раководство и неизгласувањето на одлуката за доделување на субвенции за ЈП Ринија, со реакција се јави огранокот на ДУИ во Гостивар.

„Во јавноста се пласираат невистини со обвинување дека поранешниот директор оставил  огромни обврски кон ЕВН за потрошена електрична енергија. Вистината, за која имаме конкретни докази е дека сегашниот долг кон ЕВН изнесува околу 800.000,00 денари, а во ноември 2017 година, кога претходниот директор на салата беше разрешен од градоначалникот на Гостивар, долгот изнесуваше 122.000 денари.  Ова значи дека долгот е создаден токму од сегашниот директор. Што се однесува до неприфаќањето на одлуката за субвенции на ЈП Ринија, сакаме да потенцираме дека мнозинство во Советот на општината, нема да дозволи да помине нешто што е против интересите на граѓаните на Гостивар, а уште помалку да помага во нерационални трошоци на јавните пари. Ја потсетуваме јавноста дека пред не повеќе од два месеци, Советот донесе одлука за субвенционирање на јавно претпријатие “Ринија”, во износ од 700.000,00 денари. Очигледно е дека парите не биле искористени за отплата на обврските кон ЕВН, туку со нив се плаќаат партиски милитанти“, стои во соопштението од гостиварскиот огранок на ДУИ.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена