Поврзи се со нас

Македонија

ДУИ: Жалиме што пет члена на Претседателството се повлекоа од партијата

Објавено

на

Централното претседателство на Демократската унија за интеграција изразува длабоко жалење за одлуката на петтемина членови на претседателството на партијата за самоотстранување од Централното претседателство на ДУИ, одлука што ја донеле на состанокот на Централниот комитет на први април годинава, се вели во соопштението од Мала Речица.

Централното претседателство, како што се наведува во денешното партиско соопштение, ја официјализира одлуката за претстоен изборен процес во ограноците на партијата што ќе се одржи на втори јули.

„Овие избори во ограноците на ДУИ, кои ќе се одржат по принципот „еден член“ еден глас, ќе послужат како платформа за колективно одлучување и дополнително ќе ги зајакнат демократските вредности што ја карактеризираат нашата партија. Демократската унија за интеграција продолжува да работи за напредок, единство и непоколеблива посветеност на принципите кои не водеа во текот на досегашното патување“, се вели во соопштението.

Од ДУИ посочуваат дека Централното претседателство констатирајќи врз основа на веродостојни анализи и информации дека во нашиот регион се создава нова динамика како единствена можност за забрзан пат за интеграција на земјата во Европската унија, ја нагласува неопходноста од исполнување на нашите обврски како држава, преку уставни измени кои, како што наведуваат во соопштението „ќе ни овозможат да го доловиме овој историски момент и да обезбедиме европска иднина на нашата земја“.

„Силно веруваме дека искористувајќи ги сегашните можности, ќе продолжиме да ја водиме нашата земја, заедно со коалициските партнери, кон европската интеграција за да обезбедиме посветла иднина, стабилност, благосостојба и просперитет за сите граѓани“, велат од  Демократската унија за интеграција.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена