Вести
Дупка на патот? – Пријавете преку мобилна апликација
Авто Мото Сојузот на Македонија реализира нов проект наречен „Мој Пат“ со кој граѓаните може да алармираат за проблеми на локалните, магистралните и регионални патишта во државата. Проектот вклучува бесплатна мобилна апликација и веб платформа, кои може да ги користат сите учесници во сообраќајот: возачи, пешаци, велосипедисти. Целта е да се идентификуваат и пријават недостатоците, како дупки по коловозите, оштетувања и слично за навремено да се отстранат со што ќе се придонесе за зголемување на безбедноста во сообраќајот.
Корисниците на мобилната апликација и на веб платформата ќе можат да го следат статусот на пријавените недостатоци на патиштата до нивното конечно отстранување.
АМСМ апелира граѓаните да ја користат бесплатната мобилна апликација „Мој пат“ која е наменета за андроид и iOS базирани мобилни телефони или да ја користат платформата www.mojpat.mk. Со пријавувањето може да се прикачи и слика и да се даде опис на проблемот.
Проектот е поддржан од Министерството за транспорт и врски, Министерството за внатрешни работи и Јавното претпријатие за државни патишта.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди