Поврзи се со нас

Македонија

Дури 67% од градинките работат со преоптоварени капацитети

Објавено

на

    Пополнетиот капацитет за згрижување на деца од предучилишна возраст го надминува расположливиот капацитет, така што 67 отсто од градинките во мај лани работеле со преоптоварени капацитети, покажуваат резултатите од извршената ревизија за успешност што ја спроведе Државниот завод за ревизија (ДЗР).

    Во периодот од 2020 до 2024 година се изградени седум детски градинки за кои се исплатени средства во вкупна вредност од 263,89 милиони денари или 4,3 милиони евра, од различни извори, а до периодот на известување од ревизијата не се пуштени во употреба поради необезбедени согласности од Министерството за финансии за вработување на потребниот кадар и не создадени услови за издавање на решение за вршење на дејноста.

    – Ефектите од извршените инвестиции со буџетски средства за период од 2020 до јуни 2024 година покажуваат дека од 11 детски градинки опфатени со инвестиции за проширување на 1.057 места, во употреба се само три детски градинки со 158 места, што претставува 15 отсто пополнетост во однос на проектираниот капацитет. Утврдивме дека 84 отсто од вложените средства во детските градинки, односно 212,687 милиони денари или 3,5 милиони евра, во изминатиот 4-годишен период не резултирале со исполнување на нивната функција – згрижување и воспитание на деца, бидејќи градбите се во тек, односно не се завршени подолг временски период, но и поради постоење на изградени објекти кои по две години не се пуштени во употреба, се нагласува во ревизијата.

    Се додава дека инвестициите во еден адаптиран објект во вкупен износ од 3,313 милиони денари пуштен во употреба во 2021 година, не ги даваат посакуваните ефекти бидејќи во 2022 – 2023 година не ја извршува дејноста поради недоволен број на деца во населеното место.

    -За потребата од дополнителни капацитети за сместување на деца во установи за предучилишно образование најголеми сигнали испраќаат листите на чекање за упис во самите градинки, каде што бројот на деца во октомври 2024 година изнесува 4.851, се посочува во ревизијата.

    Се нагласува дека недоволниот број на вработени во градинките значително може да влијае на квалитетот на услугата, „особено кога бројот на деца во групите е над дозволената граница, каде што главен проблем е недостигот на согласности за вработување, како и потешкотиите за стекнување на лиценци за работа на потребниот кадар“.

    -Системот за полагање на стручниот испит за лиценцирање не е во функција од ноември 2023 година, а според евиденцијата во Министерството за социјална политика, демографија и млади, која не е ажурна и целосна во периодот од 2020 до јуни 2024 година, 834 лица чекаат за полагање на испитот, што влијае врз континуирано обезбедување на неопходниот стручен кадар за функционирање на градинките, се вели во ревизијата.

    Целта на ревизијата, со која е опфатен периодот од 2020 до 2023 година, како што посочуваат од ДЗР, е да се даде одговор на прашањето дали со јавните инвестиции во детските градинки се обезбедува ефективно користење на средствата и се придонесува за обезбедување на подобрени услови за престој, оптимален и зголемен опфат на деца од предучилишна возраст и нивно згрижување и воспитание.

    Во ревизијата се дадени препораки  за подобрување на состојбите во делот на правната и програмска рамка на системот за инвестирање во детските градинки, регистарот на податоци за детски градинки, планирањето, финансирањето и реализацијата на проектите за изградба, доградба, адаптација и опремување на детски градинки, како и капацитетите за згрижување и воспитание на деца, со цел постигнување на оптимален опфат и зголемување на бројот на деца во предучилишна возраст.

    – Не се изготвуваат и извештаи за следење на степенот на реализација на целта за обезбедување на услови за оптимален опфат на децата во системот на згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст што го отежнува мерењето на ефектите од спроведените активности. На национално ниво не е воспоставена системска правна рамка за управување со јавните инвестиции. Податоците во регистрите за капацитетите на детските градинки како основа за креирање на политики за вложувања во детски градинки не се целосни и ажурни, додека, пак, податоците за стапката на вклученост и опфатот на децата од 0 – 6 години во предучилишно образование што се обезбедуваат од различни извори се разликуваат и изнесуваат 29 отсто односно 34 отсто за 2023 година, се вели во ревизијата.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 1 час

    Се паркира кој каде стигне-Неделава во Гостивар 58 казнети, 39 возила подигнати со пајак

    Македонијапред 3 часа

    На државна матура најмногу пријавени за полагање англиски јазик

    Здравје и убавинапред 5 часа

    Рецепт за домашен сок од глуварче

    Деца Родителипред 19 часа

    Кога промените во однесување зборуваат гласно – детски повици за помош

    Македонијапред 20 часа

    Нов историски ден за Северна Македонија, оцени Мицкоски

    Македонијапред 23 часа

    Менталните нарушувања почести, но посета на психолог и психијатар е сè уште табу тема

    Македонијапред 1 ден

    Затвор по 1,5 година за поранешните директори на Клиника во Тетово за пожарот во модуларната болница

    Македонијапред 1 ден

    Поскапува Еуросупер БС-98

    Писмапред 1 ден

    ПИСМА: Граѓани од Малеарди реагираат-„Се корнат здрави дрвја заради изградба на велосипедска патека“

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена