Спорт
Душан Влаховиќ повторно „црно-бел“ Јувентус плати 75 милиони евра

Сагата околу новиот клуб на напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ, заврши со потпис на српскиот репрезентативец на петгодишен договор со Јувентус, за што клубот од Торино ќе издвои 75 милиони евра.
Најдобриот млад играч во Серија А во минатата сезона, јасно стави на знаење изминатиот период дека не сака да остане во Фиорентина и оти Јувентус е негова прва желба каде сака да ја продолжи кариерата.
Српскиот фудбалер, за чиј услуги најзагреан беше премиерлигашот Арсенал, треба да заработува седум милиони евра по сезона, плус два милиони евра во бонуси.
Влаховиќ сезонава досега постигна 17 голови на 21 натпревари за Фиорентина во Серија А и беше втор најефикасен напаѓач во 2021 година зад Полјакот Роберт Левандовски. Тој во Фиорентина премина од белградски Партизан за сума од 2 милиони евра.
- Македонијапред 4 недели
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 4 недели
Се празнува Спасовден
- Македонијапред 3 месеци
Од полноќ ново поскапување на горивата
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 1 месец
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!