Поврзи се со нас

Вести

ДВ: Груевски отворил фирма во Унгарија

Објавено

на

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство и има добиено азил во Унгарија,  регистрирал фирма со широка деловна активност во градче во близина на Будимпешта.

Според документи објавени во унгарскиот Централен регистер на фирми, како што објави Дојче веле, лицето Никола Груевски, роден на 31 август 1970 година од мајка Надежда Мијалкова, побарал и добил одобрение да почне бизнис со фирма чие седиште е во Пецел на горенаведената адреса. Од увидот во документите, може да се прочита дека Друштвото со ограничена одговорност на Груевски планира широки бизнис активности во најмалку 10 различни сектори.

Согласно унгарските закони, фирмата ќе може да врши трговија на големо со порцелан и стакларија, како и со средства за чистење; трговија на големо со храна, пијалоци и тутун; како и со други разновидни стоки. Ќе мож да се занимава и со активности во сферата на управување со имоти (холдинг), во бизнис менаџмент, комуникациите со јавност, рекламирањето, во истражувања на пазари и испитување на јавно мислење, како и во организација на конференции и трговски изложби.

Регистрацијата на фирмата го чинела Груевски три милиони унгарски форинти или 8.350 евра
Тој не приложи лична адреса во Унгарија, туку ја навел адресата на неговиот адвокат во Будимпешта.

Извори на Дојче веле во Унгарија, како што се наведува, објаснуваат дека „веројатно Груевски сакал од безбедносни причини неговата домашна адреса во земјата, во која избега во ноември 2018 година, да остане тајна. Но затоа, немал проблем како втора адреса за комуникација да ја наведе онаа во Скопје, на улицата Павел Шатев број 3 во Кисела Вода, од каде што се упати во бегство до Унгарија“.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена