Вести
Два дена ќе се чисти дивата депонија зад зградите спроти културниот дом

Расфрлан отпад насекаде, пластични шишиња, лоша миризба, непријатна глетка. Сето тоа на неколку чекори од две главни сообраќајници во Гостивар, булеварите „Браќа Ѓиноски“ и „Гоце Делчев“, зад зградите кај големиот паркинг. Дивата депонија што се создала на оваа локација им задава маки на граѓаните, особено кога се затоплува времето и смрдеата станува неподнослива. „Жители од зградите фрлаат ѓубре долу преку тераса. Сето ова е несовесност и непочитување на околината“, рече Мито Јовановски, кој живее во една од околните куќи.
Како уште поголем проблем граѓаните ја посочуваат запуштената куќа во која, како што велат, години наназад се собираат корисници на дрога и предизвикуваат секакви опасности и им ја загрозуваат безбедноста.
Утрово на ова место започна да се спроведува акција за расчистување на дивата депонија и просторот обраснат со дрвја и грмушки. Акцијата ја покрена јавното претпријатие за паркинг и зеленило во соработка со гостиварски Комуналец.
„Денес ангажиравме работници да ги средат најпрво дрвјата, а потоа ќе се вклучи и механизација и просторот ќе се исчисти целосно. Апелираме да не се фрла отпад насекаде, за да не настануваат вакви несакани диви депонии“, изјави Мемедали Емро, директор на ЈП за паркинг и зеленило во Гостивар
На работниците и механизацијата нема да им биде доволен еден ден за да го расчистат просторот, па акцијата продолжува и утре. По средувањето, се` ќе биде оставено на совеста и одговорноста на граѓаните, но и на институциите кои треба да се погрижат за решавање на проблемот со корисниците на дрога.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 3 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 2 месеци
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение