Здравје и убавина
Два ефикасни домашни лека против кашлица
Сувата упорна кашлица знае да биде многу непријатна и да го исцрпи организмот. Во аптеките, секако постојат бројни препарати за смирување на кашлањето, но нема ништо подобро од приридно подготвен домашен лек. Ви презентираме токму два такви рецепти.
Сируп од ловоров лист:
-300 мл. вода
-10 ловорови листа
– 6 лажици кафеав шеќер
– 1 лимон
Подготовка: Затоплете ја водата, додадете ги листовите од ловор и варете со затворен капак околу 6-7 минути. Потоа извадете го ловорот, а течноста ставете ја во сад во кој ќе го додадете шеќерот и исцедениот лимон. Сето тоа измешајте го добро, за да се стопи шеќерот. Се конзумира по една лажичка, неколку пати дневно.
Сируп од кромид:
-250 гр. кромид
-250 гр. кафеав шеќер
-1 литар вода
-1 лимон
Подготовка: Кромидот се лупи и убаво се мие, па се сече на тркалца и се става да се вари во водата каде претходно е измешан шеќерот. Треба да се вари 60 минути, потоа кромидот се отстранува, а течноста се собира во сад, па се додава сокот од лимон. Се пие по 30 мл. дневно.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград