Гостивар
Два физички напади и пожар во гостиварско
Во најновиот полициски билтен за гостиварското подрачје, СВР Тетово бележи два физички напади и пожар.
Вчера (12 август) во 12.20 часот во Полициското одделение Галате, 35 годишниот А.А. од село Добридол пријавил дека утрото, поради недорабирање околу градежни работи, бил физички нападнат од Л.В. од истото село. Ноќеска пак (13 август) во 2.40 часот после полноќ во Полициското одделение Галате, 40-годишната Н.Ш. од село Сенокосе пријавила дека на 12.08.2020 околу 22.20 часот нејзиниот 17 – годишен син и Ф.С. и Ф.Е. од истото село, во село Добридол биле физички нападнати од С.Р. и А.Р. и уште неколку малолетни лица, кои го оштетиле нивното возило. Полицијата соопшти дека се работи на расчистување на случаите.
СВР информира и за пријава за пожар, на место викано „Свинци“, над селото Речане, при што била опожарена шума, со која стопанисува ЈП„Национални шуми“, дирекција „Шар“ Гостивар. Пожарот бил целосно изгаснат, а повредени лица нема.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар