Вести
Два големи грабежи во Гостивар

Претставништвото на Western Union и куќа во централното градско подрачје во Гостивар настрадале од крадци.
Како што информираат од Секторот за внатрешни работи, од експозитурата на компанијата за трансфер на пари, лоцирана на на булеварот „Браќа Ѓиноски“ бил одземен сеф со околу 10 илјади евра. Засега непознати сторители, насилно ја отвориле бравата од алуминиумската влезна врата и сефот со пари го нашле во бирото. Покрај сефот, украле и помала сума на денари во метални монети, кои се наоѓале во стаклена чаша над бирото и стари, екс-ју монети.
Кражбата во полиција утрово ја пријавил сопственикот на објектот. Извршен е увид, подигнати се траги за вештачење и се работи на целосно расветлување, соопштуваат од полицијата.
Вториот грабеж се случил во куќа, лоцирана во централниот појас на градот, близу општинската зграда. И во овој случај крадците „дебело“ се офајдиле. Повеќе информации ќе се знаат по завршување на увидот.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022