Гостивар
Два нови случаи на ХИВ/СИДА во Гостивар, 12 вкупно потврдени до сега

Две лица од Гостивар се меѓу петте нови регистрирани со ХИВ/СИДА во земјава, во текот на месец мај. Институтот за јавно здравје во мајскиот извештај за заразни болести наведува дека два од новите потврдени случи се од Гостивар, додека по едно лице е од Штип, Охрид и Велес.
„Лицата се на возраст од 25-44 години. Две лица се МСМ (мажи што имаат секс со мажи), две лица се хетеросексуалци и едно лице е бисексуалец. Во текот на месец мај не се регистрирани смртни случаи од ХИВ/СИДА.“,стои во извештајот.
Со новоевидентираните, вкупната бројка на до сега потврдени случаи на ХИВ/СИДА во гостиварско изнесува дванаесет. Првите три пациенти болни од СИДА во Гостивар се регистрираа во 2005 година. Потоа наредната година се регистрираше уште еден заболен, а во ноември 2011 беше потврден позитивен случај на лице заразено со ХИВ. Два хив позитивни случаи на гостиварското подрачје беа едвидентирани во март 2016 година, и по едно хив позитивно лице во 2019-та, 2021-ва и 2022-ра година.
Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи (заклучно со 31.05.2023), вкупниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Македонија, за периодот 1987–2023, изнесува 602. Од нив 123 лица починале, а 479 лица живеат со ХИВ/СИДА.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!