Гостивар
Дваесетина газди во Гостивар зеле државна помош, но не им дале плати на работниците

Злоупотребите на државната помош наменета за исплата на плати продолжуваат. Во октомври 179 работодавачи во земјава, кои ја користеле мерката за финансика помош, не им исплатиле плати на вработените. Се работи за 338 работници, со вкупна дадена помош од 5,3 милиони денари. Најголемиот дел од фирмите кои зеле помош, а ги оставиле вработените без плата, се од Скопје (52 фирми), од Тетово (41 фирма), а од Гостивар се 21 фирма.
„Секој кој го прекршил законот ќе одговара пред законот, можеби санкциите се премеки, но ние како УЈП укажуваме дека спроведувањето на присилната наплата се одвива сега, а тоа и ќе продолжи. Исто така, дадени им се налози на инспекторите од УЈП и трудовите инспектори – да го испитаат и целото работење на овие компании. Потребни се построги мерки, но очекуваме и дека јавното објавување на газдите неплаќачи ќе вроди плод“, изјави на денешната прес конференција, Сања Лукаревска, директорка на УЈП.
Листата на работодавачи кои се уште не ги исплатиле платите треба да го објави Генералниот секретаријат на Владата. Казната изнесува од 500 до 1.000 евра за помалите фирми, и меѓу 1.000 и 10.000 евра за големите компании.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска | Женски прашања
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Natasha Beauty Center во Гостивар слави 14 роденден со нова локација-Љубов и почит кон убавината и негата
-
Гостиварпред 3 месеци
Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!
-
Гостиварпред 3 месеци
Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила