Гостивар
Дваесетина пешаци во Гостивар ќе си платат казни по 40-50 евра оти претрчувале улица

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (7 март) од 10 до 15 часот спровеле акциска контрола на пешаците и нивното однесување во сообраќајот. Во контролата откриени и законски санкционирани се вкупно 26 пешаци, од кои во Тетово 8, а во Гостивар 18 кои ги преминувале улиците надвор од обележани пешачки премини. На сите им се изготвени поднесоци и ќе се соочат со предвидените парични глоби кои за овој вид прекршок се движат од 40 и 50 евра во денарска противвредност, извести полицијата.
Со оглед што претстои период на поголема сообраќајна фрекфренција на подрачјето, Секторот за внатрешни работи Тетово со потсетување на пешаците да бидат докрај внимателни во сообраќајот и да не ги преминуваат улиците каде ќе стигнат, максимално да ја почитуваат светлосната сигнализација на крстосниците и прописно да се движат на улици на кои нема обликувани тротоари. До возачите,пак, се апелира секогаш и секаде да им даваат предност, да ги пропуштаат пешаците и да ја намалат брзината, посебно во близина на училишта, детски градинки и други јавни установи, каде секојдневно се движат поголем број пешаци.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава