Гостивар
Дваесетина пијани возачи фатени во Гостивар минатиот месец, во Тетово 56

На патиштата и улиците во полошко не е ретка појавата алкохолизирани возачи да управуваат со возила. Според статистиката на СВР Тетово, во текот на минатиот месец за ваков прекршок биле санкционирани 75 лица. Од нив 56 на тетовско, а 19 на гостиварско подрачје.
Во последната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, спроведена во неделата навечер, биле фатени тројца во Гостивар и еден пијан возач во Тетово.
Полицијата повторно со апел до возачите, посебно до младите, да не се возат доколку претходно конзумирале алкохол и да не ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, но и да не возат пребрзо и да не престигнуваат на недозволени места.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!