Гостивар
Двајца гостиварци зад решетки
Двајца жители на Гостивар во одделни случаи, вчера (25 февруари) биле приведени и спроведени во затвор.
СВР Тетово соопшти дека службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар, околу 12 часот, на улица „Илинденска“ го привеле 49-годишниот гостиварец К.С. По приведувањето, реализирано со судска наредба, лицето било спроведено во Казнено поправната установа „Тетово“ за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“.
Исто така, околу 12 часот, полициски службеници со судска наредба го привеле и 30-годишниот гостиварец А.Б., кој не ја почитувал мерката куќен притвор, а бил осуден на затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје за издржување на затворската казна.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар