Поврзи се со нас

Гостивар

Двајца од групата којашто работеше кај црквата „Св.Петка“ приведени во зградата на Општина Врапчиште

Објавено

на

    Случувањата околу покренатата акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во атар на Галате не стивнуваат. Попладнево, полицијата приведе две лица, дел од групата што викендов работеше на средување на просторот околу храмот. Приведувањето се случи во објектот на Општина Врапчиште, кадешто граѓаните беа дојдени и инсистираа да остварат средба со градоначалникот Исен Шабани. Тие претходно на влезот на општината ја поставија лентата од градежна инспекција, која пак ја отстранија од локацијата кај црквата.

    Информација за причините поради кои се приведени се очекуваат од МВР.

    Во меѓувреме стигна реакција од Алијанса за Албанците, партијата во која членува врапчишкиот градоначалник. Од таму нагласуваат дека Шабани ги прекинал незаконските работи во црквата во Галате, а ВМРО поттикнувала тензии и дестабилизација.

    „Залетот на моноетничката и антиалбанската Влада да засади крстови и цркви во секое населено место, узурпирајќи го јавното земјиште и без потребните дозволи и документација, е еден од најопасните облици што им наштетуваат на меѓуетничките односи и предизвикуваат тензии во државата. Откако градоначалникот на Општина Врапчиште, Исен Шабани и општинскиот инспекторат ги прекинаа незаконските работи и узурпацијата на земјиштето кај црквата кај Галате, ВМРО мобилизираше милитанти од Гостивар и го блокираа објектот на општина Врапчиште, заканувајќи му се и загрозувајќи го градоначалникот. Дали е ова уште еден доказ дека Мицковски и неговите партнери сакаат сценарија за дестабилизација по секоја цена?“

    Тензиите започнаа викендов откако граѓани се организираа да спроведат акција за уредување на црквата „Св.Петка“ и околниот простор. Активностите биле прекинати од полицијата, за што МВР даде образложение дека се постапувало по пријава за незаконски градежни работи од страна на инспектор за урбанизам од општина Врапчиште.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 7 часа

    Потврдени 2 случаи на мајмунски сипаници во Македонија

    Технологијапред 11 часа

    Зошто сè повеќе гледаме два уреди истовремено и како тоа влијае врз нашето здравје

    Македонијапред 12 часа

    Николоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво

    Македонијапред 16 часа

    За случајот „Онкологија“ обвинети двајца екс директори и четворица лекари

    Македонијапред 17 часа

    Просечната плата во март 44.763 денари, објави ДЗС

    Гостиварпред 19 часа

    Огнен Аќимоски од Гостивар освои 1 место на државниот натпревар по географија со максимални 100 поени

    Гостиварпред 21 час

    Економското училиште во Гостивар ги промовираше образовните насоки – По 3.500 денари стипендија месечно за секој ученик

    Светпред 22 часа

    Силен земјотрес во Грција, издадено предупредување за цунами

    Видео емисиипред 1 ден

    ВИДЕО | Дојди во Врбен – Во прегратка на планината, во душата на зеленилото!

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена