Вести
Двајца повредени во несреќа на автопатот Гостивар – Тетово
Сопатничка и возач на автомобил завршиле со повреди во сообраќајна несреќа која доцна попладнево се случила на автопатот Гостивар – Тетово, во близина на клучката за селото Камењене. Од СВР Тетово информираат дека во несреќата учествувале еден камион и две патнички возила: „голф“ со косовски регистерски ознаки и „мерцедес“ со скопска регистрација.
Возачот на „мерцедесот“ на возраст од 31 година поминал со полесни телесни повреди, додека сопатничката 25 годишна девојка се задобила со повреди од потежок карактер – скршеница на раката и скршен пршлен. По пружената помош во тетовската болница, повредената била пренесена на скопските клиники.
Увид на местото на настанот извршиле екипа на СВР Тетово и јавен обвинител.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград