Вести
Двајца повредени во несреќа на патот Маврови Анови-Дебар
Едно лице е потешко повредено, а друго завршило со полесни повреди во сообраќајна несреќа која се случила денес околу 10 часот и 40 минути, на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, во близина на Бошков мост. Како што информира СВР Тетово во несреќата учествувале две патнички моторни возила:„Опел корса“ со скопски регистерски таблици, управувано од 60-годишниот скопјанец К.Н. и „Мерцедес“ со дебарски таблици, што го управувал 40-годишниот дебранин И.М.
Во судирот, возачот на „Корсата“ , се здобил со тешки телесни повреди, фрактура на лево ребро и лева подлактица, а возачот на „Мерцедесот“, со полесни телесни повреди. Двајцата биле пренесени во дебарската болница,од каде по укажаната лекарска помош, скопјанецот е префрлен на скопските клиники, а лицето од Дебар било пуштено на домашно лекување.
Извршен е комплетен увид и се утврдува причината за несреќата, вкупната материјална штета и се друго поврзано со оваа сообраќајна несреќа, втора по ред со тешки телесни повреди овие два дена на поширокото гостиварско подрачје, соопшти полицијата.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград