Гостивар
Две децении од убиството на гостиварците Даил и Александар

Со комеморативен собир утрово беа одбележани дваесет години од трагичната смрт на полициските резервисти Даил Јанкоски и Александар Николиќ од Гостивар. Собирот, како и секоја година се одржа на влезот во гостиварската населба Циглана, на местото кадешто беа убиени во 2002-ра, во присуство на семејствата, роднини, пријатели, колеги и претставници на политички партии.
Од страна на светшеници на гостиварското архиерејско намесништво беше одржана панихида, а присутните запалија свеќи и со минута молчење им оддадоа почит на хероите.
Буќети цвеќе положија делегации на ОВР Гостивар, синдикатот на полицијата, Здружението на бранители, ОК на ВМРО ДПМНЕ и ОО на СДСМ.
По комеморативниот собир во Циглана, блиските ги посетија и нивните вечни почивалишта.
Гостиварците Јанкоски и Николиќ, беа убиени на должност на полициски пункт на влезот од населбата Циглана во 2002 година на 26 август еден часот по полноќ. На нив пукале непознати лица со автоматски пушки од возило во движење со странски регистарски таблички.
На местото на трагедијата во чест на загинатите резервисти во 2012 година беше поставена спомен плоча.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024