Вести
Две лица загинаа во силно невреме во Загреб

Две лица загинаа, а осуммина се повредени во денешното силно невреме во главниот град на Хрватска, Загреб.
Силното невреме околу 16 часот го зафати западниот дел на Хрватска. Центарот на бурата помина низ Загреб. Ураганскиот ветер носеше сè пред себе – дрвја, покриви, силен дожд ги поплавија улиците, а сообраќајот е во целосен хаос, јави Хрватска телевизија.
Во силното 20-минутно невреме загинаа двајца мажи, а осум возрасни лица се повредени, кои со повреди на главата се пренесени во блиските болници.
Поради невремето што го зафати Загреб околу 16 часот, итната помош примила над 700 повици, меѓу кои и неколку пријави за повредени лица, а само пожарникарите имале 50 интервенции.
Градоначалникот на Загреб Томислав Томашевиќ преку социјалните мрежи апелираше граѓаните да ѕвонат на броевите за итна помош и пожарникарните служби само во случај на смртна опасност и крајна нужда.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!