Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

  • Дата: 11/01/2019 | 11:21

Две лица искасани од кучиња скитници на различни локации во Гостивар

Во два одделни случаи, повредени од напад на кучиња скитници биле две лица на различни локации во Гостивар, информираат од полицијата.

Во првиот случај, триесет и едногодишната гостиварка Е.А, вчера пријавила дека движејќи се кон својот дом на улица „Младен Симоновски“, околу 12 часот и 30 минути, ја нападнало куче-бедомник, кое и нанело повреда на десната нога. Повредената гостиварка се обратила за лекарска помош во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

Додека во вториот случај кој се случил во ист период вчера околу пладне, триесет и четиригодишниот гостиврец Ј.Б, пријавил, додека пешки се движел од Мало Турчане кон Циглана, го нападнало, односно каснало куче за левата нога. На повредениот Ј.Б. укажана му е лекарска помош во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

 

Напишете коментар