Вести
Две момчиња од Гостивар повредени утрово во сообраќајна несреќа – паднале во провалија со мотор

Две лица, на возраст од 17 и 19 години завршиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа која се случила утрово на регионалниот пат Долна Ѓоновица-Гостивар, близу некогашната сушичка депонија.
Според информациите од портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски моторцикл без регистрација, кој го управувал 17 годишник од гостиварската населба Циглана движејќи се по патот, од засега непознати причини изгубил контрола, излетал од коловозот и паднал во бездна. Возачот на моторот и сопатникот на возраст од 19 години, се здобиле со тешки телесни повреди. Седумнаесетгодишникот по добиената медицинска помош е задржан на лекување во гостиварската општа болница, додека другото момче е префрлено на клиниките во Скопје.
Полицијата соопшти дека е извршен увид и се утврдуваат причините и околностите кои довеле до несреќата.
- Македонијапред 4 недели
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 4 недели
Се празнува Спасовден
- Македонијапред 3 месеци
Од полноќ ново поскапување на горивата
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 1 месец
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!