Македонија
Две недели нема нови случаи на морбили во земјава
Стивнува ширењето на малите сипаници во земјава. Од 14 до 27 септември, не се регистрирани нови случаи на заболени граѓани. Според податоците од Институтот за јавно здравје, заклучно со 27 септември вкупниот број на пациенти со морбили изнесува 1.900, со стапка на заболување од 91,8 на 100.000 жители.
Според место на постојано живеење, случаи на мали сипаници се регистрирани во 24 градови, најголем број во Скопје – 997. Според вакциналниот статус, 1.529 (80,5%) од заболените се невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус.
На гостиварското подрачје, вкупната бројка на заболени од почетокот на појава на болеста достигна осумдесетина.
Од Институтот потсетуваат дека се` уште е во тек епидемија на мали сипаници на цела територија на Македонија.
Што се однесува до имунизацијата, во последната недела во државата биле вакцинирани вкупно 777 деца (предучилишна и училишна возраст). Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата изнесува 39.217.
Од почетокот на епидемијата до сега, во Центрите за јавно здравје, дополнително се аплицирани вкупно 6.275 дози на вакцина, од нив повеќе од 60% се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, останатите се контакти и лица над 14 годишна возраст.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград