Гостивар
Две новозаболени лица со ковид во села од Општина Врапчиште, во земјава 164 нови случаи
Во последните 24 часа се направени 1045 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство. По региони во:
– Скопје 85
– Куманово 24
– Дебар 3
– Штип 5
– Прилеп 3
– Тетово 18
– Струга 5
– Охрид 9
– Гостивар 2 (според информации од овдешните медицински служби новозаболените се од села на територија на Општина Врапчиште)
– Гевгелија 1
– Крива Паланка 1
– Кочани 1
– Македонски Брод 1
– Валандово 1
– Свети Николе 2
– Ресен 2
– Неготино 1
„Починати се две лица од Скопје и Тетово. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (53 г) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 2 јуни и потврдена позитивна по приемот. Во болницата во Тетово почина пациентка (60 г) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 9 јуни. На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 60 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 23 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.“, соопшти Министерството.
На инфективното одделение во Гостивар, моментално вкупно се хоспитализирани седум пациенти со Ковид 19 и според информациите од болницата, сите се во стабилна состојба,
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 12 оздравени пациенти, во:
Скопје 3
Прилеп 6
Струга 1
Велес 1
Виница 1
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди