Гостивар
Две пријави за семејно насилство во гостиварско

СВР Тетово информира дека вчера (27.02.2025) во 18.30 часот во гостиварско село, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ф.С.(45) од истото село, постапувајќи по претходна пријава од неговата 26-годишна ќерка дека, поради претходни семејни недоразбирања, со остар предмет се заканувал на неа, нејзиниот сопруг и нејзиниот свекор, кој притоа се повредил во обид да му го одземе предметот. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, наведува полицијата.
Исто така вчера, во 17.30 часот во ОВР Гостивар, 39-годишна жена пријавила дека претходниот ден во семејниот дом во гостиварско село била физички нападната од нејзиниот сопруг С.А..
За случајот бил известен Центарот за социјални работи Гостивар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, извести СВР Тетово.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Македонијапред 3 месеци
Софтвер ќе открива злоупотреби на социјалната помош