Поврзи се со нас

Вести

Две сообраќајки со повредени во гостиварско попладнево

Објавено

на

 

Во текот на попладневите часови на поширокото гостиварско подрачје се случиле две сообраќајни несреќи, во кои повеќе лица се здобиле со повреди.

Според информациите од полицијата, во 16 часот и 15 минути на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, на стотина метри од браната се судриле два автомобила, „мицубиши“ со скопска регистрација и „поло“ со кичевска. Во несреќата жена на возраст од 47 години од Кичево, која се возела во полото, била потешко повредена. Таа била префрлена во гостиварската болница и по укажаната лекарска помош пренесена на скопските клиники. Во сообраќајката со полесни повреди се здобиле уште три лица, на кои откако им била пружена медицинска грижа во Гостивар биле пуштени дома. Полициска екипа извршила увид и се утврдуваат причините и околностите.

Втората несреќа е регистрирана во 18 часот и 30 минути на селски пат од селото Дебреше кон околна шума, во месноста викана „чук“. Џип „хујндаи“ со гостиварска таблица, кој го управувал 61 годишно лице од Дебреше, изгубил контрола, излетал од патот и завршил во провалија. Возачот со повреди бил пренесен во болницата во Гостивар, каде му е пружена медицинска помош. Во џипот имало и сопатник, на возраст од 23 години кој поминал со полесни повреди. Увид допрва ќе се врши поради непристапноста на теренот, соопштува полицијата.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 19 часа

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 4 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Спортпред 3 недели

Заврши кошаркарската година, КК Гостивар на 8 позиција

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена