Вести
Две сообраќајки со повредени во гостиварско
На регионалниот пат Гостивар-Чегране, вчера попладне се случила сообраќајна несреќа со учество на две патнички возила: „Поло“ со гостиварски таблици, управувано од 73-годишен жител на Чегране и „Голф“, исто така, со гостиварски таблици, управувано од 24-годишен жител на Форино. Во судирот, со телесни повреди се здобил возачот на „Полото“, кој бил пренесен во гостиварската болница и по укажаната лекарска помош, пуштен на домашна нега.
Полицијата информира и за друга несреќа со повредени која се случила во непосредна близина на наплатната станица Гостивар. Се удриле: товарно возило „ДАФ“ со тетовски таблици, управувано од 44-годишник од село Милетино и патничко возило „Фолсфаген пасат“, исто така, со тетовски таблици, што го управувал тетовец. Сопатничката од „пасатот“ , 42 годишна жена се здобила со телесни повреди и и била укажана лекарска помош од екипа на Итна помош на местото на судирот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград