Гостивар
Две сообраќајки со повредени на патот Маврово-Дебар

Две сообраќајни несреќи се случиле вчера (10 август) на патот Маврово-Дебар, кои завршиле со повредени лица. Во продоложение информациите за нив од полицијата.
Вчера во 9.05 часот на регионален пат Мавровска крстосница-Дебар, на местото викано „Обесена вода“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „дачија“ со српска национална ознака, управувано од В.И.(37) од Србија и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(43) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, додека сопатникот од возилото „мерцедес“, Б.М. од Скопје, се здобил со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар-Гостивар.
Исто така вчера во 12.10 часот на регионалниот пат Мавровска крстосница-Дебар, во близина на бензинска пумпа, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“, управувано од Р.Б.(32) од Гостивар и патничко возило „шевролет“, управувано од С.С.(63) од Гостивар, двете со гостиварски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „шевролет“, Е.Џ., додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште две сопатници, констатирани во Медицински центар-Гостивар.
По овластување на Јавен обвинител увиди на лице место на несречите извршила екипа од ОВР Гостивар.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 3 дена
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Македонијапред 4 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Гостиварпред 3 месеци
Бесник Зеќири стапи на функцијата директор на болницата во Гостивар
-
Македонијапред 4 недели
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос