Гостивар
Две жртви во несреќа во која се запали БМВ со гостиварски таблици на обиколницата

Во сообраќајна несреќа, која се случила попладнево на скопската обиколница животот го загубија две лица.
Како што соопшти Јавното обвинителство, според првичните сознанија, несреќата се случила кога сообраќајна полициска патрола запрела возило БМВ со гостиварски регистарски таблички кое возело со брзина поголема од дозволената. „Додека полициските службеници разговарале со возачот на автомобилот, на нив налетал камион со скопски регистарски таблички. Од ударот, автомобилот БМВ се запалил и целосно изгорел. Притоа, на лице место животот го загубил совозачот во автомобилот БМВ.“, се наведува во соопштението.
Полициските службеници биле пренесени во болница, а нешто подоцна едниот од нив им подлегнал на повредите.
По наредба на јавен обвинител ќе се врши обдукција врз починатото лице, додека од возачот на камионот ќе бидат земени примероци од крв и урина заради испитување на присуство на алкохол или други супстанции кои би можеле да влијаат на неговата способност за управување со превозно средство. Врз камионот ќе се врши вонреден технички преглед со цел да се утврдат причините за несреќата.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 2 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар