Гостивар
Дводневен корона биланс за Гостивар: 11 нови случаи, 1 оздравен, починати нема

Вчера и денес, Министерството за здравство потврди вкупно 11 новозаразени со коронавирус во гостиварскиот регион. Во истиот период, регистриран е еден оздравен пациент. Добра вест е што Гостивар овие два дена нема жртва од ковид, за разлика од претходниот период кога се забележа зголемена стапка на смртност, па вкупниот број на починати кои се водат во ковид статистиките достигна 49.
Бројот на активно болни на поширокото гостиварско подрачје моментало изнесува 104.
Со оглед на намалувањето на новозаразените во последните две недели, Гостивар падна од фаза 4-ризик на широка распространетост на ширење на вирусот, на фаза 3-ризик со локализирано ширење.
Инаку, изминатиот период во земјава здравствените власти бележат зголемена смртност од ковид кај помлади лица. Меѓу починатите, имаше млади лица на возраст од 23 до 44 години.
Министерот за здравство Венко Филипче најави дека се прават анализи и следната недела ќе се знае причината за зголемениот број на смртни случаи, но и новозаболени на државно ниво.
„Анализите ќе покажат на што се должи зголемениот број на смртни случаи и дали ќе се преземат дополнителни мерки. За жал, превентивните мерки не се почитуваат. Станува збор за тешка болест која се манифестира во тешка клиничка форма. За сите пациенти се презема сѐ.“, изјави Филипче.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Бизниспред 2 дена
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер