Култура
Дводневна културна манифестација во Гостивар: „Заедно под отворено небо“
На 25 и 26 септември во Гостивар ќе се одржува културната манифестација „Заедно под отворено небо“, која ја организира Младинскиот Совет на општина Гостивар. Како што велат организаторите, целта е да се покаже сплотеноста на различните култури во градот и преку музика, уметност, поезија и игра, да се пренесе порака на заедништво. Најавено е учество на познати музичари, млади таленти, фолклорни друштва, Клубот на млади поети, Дневниот центар во Гостивар и дел од основните училишта.
За вторник (25 септември) во 19 часот предвиден е музички концерт, „Заедно под отворено небо на музиката и фолклорот.“
Следниот ден, во среда во 12 часот ќе има Интерактивно попладне, „Заедно под отворено небо на различностите.“, додека во 19 часот ќе се одржи Поетска вечер, „Проекции под исто небо“.
Локацијата за сите настани е иста – Летниот Амфитеатар крај кејот на Вардар. Манифестацијата се реализира во рамки на проектот „Нов културен бран“ со поддршка на Министерството за култура.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди