Поврзи се со нас

Гостивар

Дводневни настани и свечености по повод 80 години слободен Гостивар

Објавено

на

    По повод 80 годишнината од конечното ослободување на Гостивар, ќе бидат организирани низа активности и свечености.

    Како што најавуваат од организациониот одбор, одбележувањето ќе започне на 17 ноември (недела) во 11 часот, кога во градскиот парк ќе бидат засадени 80 дрвца, симболично за 80 години слободен Гостивар.

    На самиот датум на ослободувањето, 18 ноември (понеделник) во 11 часот ќе има положување на цвеќе на споменикот на паднатите борци во НОВ. Потоа, во 12.30 часот во холот на ООУ „Гоце Делчев“ ќе се одржи музичко-сценска манифестација „Децата и младите за Гостивар“, со учество на децата од градинките и основците.

    Централниот настан, Свечената академија ќе се одржи во Центарот за култура АСНОМ од 19 часот, додека пред тоа во фоајето на установата ќе има изложба на фотографии „Гостивар низ историјата“.

    18-ти ноември за Гостивар е светол датум од историјата на Гостивар, испишан како Ден на конечното ослободување.

    Ослободувањето на Гостивар го поготвија и извршија единиците на 15-тиот македонски корпус од 41 и 48 дивизија и 7-мата бригада на 49 дивизија. Во народно-ослободителната војна животот го загубиле 322 активни борци од гостиварскиот регион, како и 158 жртви на фашизмот.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена